Македонија
4. September 2015 - 13:31

Познати ликови со жолти табли на улиците во Скопје

Низ скопските улици можат да се забележат голем број познати македонски личности од различни сфери, кои во рацете држат жолти табли и се фотографираат.

Станува збор за нова кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од каде не откриваат за што станува збор. 

- Точно е дека за потребите на наша кампања ангажирани се познати личности од повеќе сфери, но засега нема да откриеме која е причината. За неколку дена ќе бидете информирани во која кампања беа вклучени и кои се нивните пораки, велат од РСБСП.

Меѓу познатите личности кои ги забележавме се актерот Дејан Лилиќ, ракометарот Столе Стоилов, кошаркарот Влатко Илиевски, фудбалерот Дарко Глишиќ, пејачката Симона Поповска и уште многу други познати личности.