Македонија
11. November 2021 - 21:51

Позната причината за операцијата на Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва имал мал хируршки зафат на Клиника во Скопје.

Тој на Фејсбук објави фотографија од болнички кревет заблагодарувајќи им се на докторите. Рече дека му била извршена лесна хируршка интервенција, но не откри за што станува збор.

Според информации на Прес24, отстрането му било масно ткиво од вратот, а и на самите фотографии може да се забележи фластер на десната страна од вратот.