Македонија
22. March 2018 - 15:22

Пожар на имот во близина на Македонски Брод

Синоќа во 22 часот и 40 минути во Полициската станица Кичево било пријавено дека на приватен имот во атарот на селото Староец во близина на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод.

Од МВР велат дека од засега непознати причини избувнал пожар и била зафатена кровната конструкција на објект лоциран на имотот.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил локализиран.

Увидот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.