Повеќе превезени патници во патниот и авиосообраќајот, намален во железничкиот
Во третиот квартал од годинава во патничкиот превоз е зголемен бројот на превезени патници за 11,8 проценти и во авионскиот превоз за 19,5 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика намалувње има кај градско-приградскиот превоз за 5,5 проценти и железничкиот превоз за 23,6 проценти.
Во однос на второто тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 0,7 проценти, во градско-приградскиот превоз за 21,1 отсто, во железничкиот превоз за 3,1 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 39,4 отсто.
Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 5,2 отсто, во воздухопловниот превоз за 10,2 отсто, додека во железничкиот превоз е зголемено за 1,4 отсто.
Во однос на второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 21,5 отсто, во воздухопловниот превоз за 7,6 отсто, додека во железничкиот превоз е намалено за 21,1 отсто.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов