Македонија
7. July 2017 - 12:56

Потврден земјотресот во 12.13 часот - се тресеше Ресен

Попладнево точно во 12.13 часот земјотрес со магнитуда од 2, 5 степени го погоди подрачјето на Ресен.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри западно од ресенското село Јанковец.

Ноќеска и рано утрово четири посилни потреси се забележани во охридскиот регион.