Потребен нов модел за социјална заштита
Потребни се измени на сегашниот систем на социјална заштита преку воведување минимален загарантиран доход, во кој ќе бидат интегрирани сите досегашни за да се постигнат подобри ефекти, да се намали на сиромаштијата и граѓаните да имаат достоиснтвен и простоен живот, сметаат експертите учесници на денешната дискусија „Иновации за сеопфатна социјална заштита: социјална помош, минимална плата, достоинствен приход“.
- Системот за социјална заштита во моментов предвидува многу видови помош, тој не е универзален поради што не може целосно да се проценат ефектите. Исто така, тој не ја постигнува целта за намалување на сиромаштијата, бидејќи според статистичките податоци пензиите имаат најголемо влијание врз намалувањето, а не социјалните трансфери, рече Никица Мојсоска-Блажевски од Универзитет Американ колеџ.
Таа вели дека потребно е да се формира еден универзален паричен надомест кој ќе ги интегрира оние кои постојат во моментот, а тоа се 13 од областа на социјална заштита и пет од областа на детската заштита.
Дека ефектот од досегашниот систем за социјална заштита не е доволен се согласува и нејзиниот колега Марјан Петрески.
- Со новиот модел, сиромаштијата би се намалила за една третина, би се намалила и нееднаквоста на распределбата, би се овозможило извлекување од сиромаштија на најранливите категории без да се предизвика дисторзија на пазарот на труд, рече Петрески.
Предлага три шеми за минималналниот загарантиран доход.
- Во првата тој би се движел до 10.800 денари, во втората до 9.660, а во третата шема може да се оди над висината на минималната плата, што би било наменето за тие што работат но имаат приходи помали од 9.000 денари. Државата ним може да им дава и до 50 проценти од приходот што го остваруваат. За оние што немаат работа, пак, ќе бидат предвидени до 6.000 денари слично како досега, рече Петрески.
За спроведување на оваа реформа на годишно ниво се потребни 2,5 проценти од БДП или околу 250 милиони евра. Во моментов за социјална заштита се издвојуваат 100 милиони. Најголем дел од средствата одат за трето дете.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп