Бизнис
8. јуни 2016 - 19:43

Потпишан договорот со конзорциум македонски фирми за изградба на гасоводот Штип - Неготино

Потпишан е договротот за изградба на магистралниот гасовод  Штип – Неготино. Конзорциумот предводен од кумановски Рапид Билд заедно со уште четири компании, Елте , Спектар Термо , Чакар Партнерс и Квалитет Пром ќе ја  градат гасоводната мрежа долга 36 километри.

Изградбата наскоро треба да почне и се очекува да биде готов  до крајот на 2017 година. Вкупната инвестиција е 15, 8 милиони евра.

Магистралниот гасовод од  Неготино до Битола  до крајот на месецов ќе се знае кој ќе го гради. Се работи и на гасификацијата на Полошкиот  регион. За магистралниот гасовод  од Скопје до Гостивар во трка се тринаесет компании во четири конзорциуми. Постапката  е во фаза на еволуација и наскоро ќе се одлучи кој ќе ги гради 76 километри гасовод кој вклучува и поврзување на Тетово и Гостивар.

Гасовод  Клечовце – Штип е целосно завршен. Во моментов се вршат последните проверки и испитувања и течат преговорите за приклучок на гасоводот.  Се очекува  до крајот на годинава гасоводот да ги добие првите потрошувачи.

Гасификацијата треба да донесе поевтин гас и за компаниите и за домаќинствата.

Изградбата на сите делицни треба да биде зваршена до 2019 година.  Клечовце –Штип се финансира  од клириншкиот долг.  За другите три делници  во должина од 204 километри пари се обезбедени од Дојче Банк и Ерсте Групацијата.

Парарелно се работи и на поврзување со интерконективни гасоводи со соседните земји, од Македонија до Грција и Бугарија.