Бизнис
14. јуни 2017 - 13:37

Поскапуваат цигарите во Македoнија - Еве за колку ќе се продаваат

Од први јули годинава се очекува поскапување на цигарите во Македонија. Според пресметките, кутија цигари ќе поскапи за околу 4 денари. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.

Од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година, поради што од почетокот на наредниот месец се очекува цигарите да поскапат за 4 денари.

Сепак, во земјава покачувањето на акцизата не се врзува секогаш за поскапувањето на цигарите во малопродажба. Некои производители веднаш ги покачуваат цените, а некои се одлучуваат да ја компензираат акцизата. Други прозиводители, пак, ги поскапија цигарите пред да биде покачена акцизата.