Бизнис
21. July 2017 - 14:03

Порасна просечната плата во Македонија, еве колку е сега

Просечната нето плата исплатена во мај 2016 година изнесува 22.889 денари и бележи раст од 2,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 14,2 отсто, Стручни, научни и технички дејности 5,8 отсто и Преработувачка индустрија 5,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности за 5,2 отсто, Рударство и вадење на камен 4,5 отсто и Градежништво за 4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 33.640 денари и бележи раст од 2,6 проценти.

Во мај 2017 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.