Џет-Сет
14. December 2017 - 10:15

Поранешната цимерка и плејбој зајачица откри детали од животот на Меланија

Плејбој зајачицата Викторија е поранешна цимерка на Меланија Трамп и откри тајна која многумина не ја знаат за првата дама на САД.

Тие живееле заедно во 1997 година во Париз и откри зошто Меланија има лош акцент кога зборува Англиски, и зошто во нејзиниот говор и понатаму доминира балканскиот нагласок.

Нејзината поранешна цимерка вели дека тоа е поради тоа што таа е многу тивка и повлечена.

- Никогаш не сакаше да привлекува внимание, секогаш беше тивка и повлечена. Тој лош акцент е поради тоа што не го користеше англискиот активно, не сакаше многу да разговра, за да може да се подобри- рекла Викторија и нагласила дека Меланија е суште истата, повлечена и тивка, иако е прва дама на САД.