ПОП-АРТ изложба на повеќе локации во Скопје
На повеќе места во Скопје од денеска до 30 октомври ќе биде поставена ПОП-АРТ изложба со повеќе од 100 графички дела, меѓу кои на Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист.
Поради обемноста, како што информираат организаторите, изложбата ќе биде поставена во Музејот на Град Скопје, Музејот на современа уметност и во Галеријата на Младинскиот кулурен центар.
Изложбата е во рамки на 12. издание на „Бела ноќ“.
Поп-артот е движење во уметноста чија основа се базира на рушење контрасти. Многу критичари сметаат дека во поп-артот се најиновативните пристапи во уметноста на 20 век, особено во компарација со кубизмот, додека дел од критичарите пак, сугерираат дека не станува збор за уметност воопшто.
Од една страна, поп-артот се занимава со чести, секојдневни, тривијални теми, додека од друга страна има потреба од ригорозни филозофски испитувања на условите во кои се создава уметноста, уделот на производството на самата уметност, така што сето тоа води до сериозна дискусија за крајот на модернизмот, па дури и самата уметност.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот