Македонија
18. September 2016 - 16:46

Помалите партии против идејата на Заев за двојазичност во цела Македонија

Помалите партии негодуваат, експертите предупредуваат, дел од албанските политички партии се закануваат, СДСМ брка албански гласачи.  Предлогот на Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија предизвика вистина бура незадоволство на политичката сцена но и меѓу граѓаните.

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за Сител вели дека употребата на албанскиот јазик е веќе регулирана со Уставот и нема никаква потреба за нови интервенции.

За ГРОМ, последниот предлог на Заев има за цел да ја пролонгира кризата и да разгори меѓуетнички тензии

И Социјалистите се против идејата на Заев. Од партијата велат дека за нив, воведувањето на двојазичност во општините каде што воопшто не живеат Албанци е апсолутно неприфатливо.
За Народното движење на Македонија, овој предлог е само цената на пазарењеата кои Заев ги правел на штета на македонските национални интереси

И додека македонските политички партии со исклучок на СДСМ имаат цврст став на оваа тема, во албанскиот политички блок, нема исклучоци. Сите албански партии ја поздравија идејата на Заев а дел од политичките лидери се заканија со федерализација

„Ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“ – напиша предводникот на движењето за реформи во ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села.

Идејата на Заев е прифатлива и за ДУИ и за БЕСА, а од новата албанска политичка партија, уште пред неколку месеци потврдија дека со опозицискиот лидер разговарале за редефинирање на Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште пред два дена излегоа со став дека повикот на Заев за инсталирање двојазичност може да доведе кон редфинирање и федерализација на Македонија. За експертите Уставот е прилично јасен, а предлогот на лидерот на СДСМ исклучително опасен

Заев во интервју за интернет портал на почетокот од неделата предложи, албанскиот јазик да се користи како службен јазик во сите општини во Македонија, без разлика што во најголем дел од нив, воопшто не живеат етнички Албанци.