Балкан
16. August 2017 - 20:07

ОН: Политичката неизвесност во Косово има негативни последици

Политичката неизвесност во Косово, кое веќе два месеци е без влада, има негативни економски и социјални последици, изјави денеска шефот на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Захир Танин во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на Светската организација.

Говорејќи на седницата на Советот за безбедност посветена на Извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за работата на УНМИК и состојбата во Косово, Танин рече дека косовските инситуции во последниве три месеци „потрошиле премногу енергија на изборниот процес“.   

- Во тој период беа пропуштени многу економски и социјални можности, рече Танин, посочувајќи случаи на поништување или забавување на исплата на финансиска помош и инвестиции.

Тој потенцира дека политичкото помирување во Косово не може да обебзеди надминување на сите поделби во општетсвото.

- Потребно е социјално помирување, зголемување на довербата и соработка на сите нивоа, порача Танин.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во обраќањето на седницата ги повика земјите членки на Советот за безбедност на ОН да не го релативизираат прашањето за импелментација на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, со ставовите дека „сите страни се одговорни за неспроведување на договореното“.   

Дачиќ потсети дека тој и актуелниот косовски претседател Хашим Тачи пред четири години го потпишаа Договорот од Брисел, додавајќи дека е минато премногу време за да се бараат какви било аргументи за неспроведување на преземените обврски.  

- Јас го потпишав тој договор и знам дека има милион причини за избегнување на спроведувањето на преземените обврски, изјави Дачиќ, додавајќи дека Србија ќе исполни „се она што потпишала“. 

Шефот на српската дипломатија рече дека Белгард ќе продолжи констуктивно и одговорно да учествува во дијалогот со Приштина и побара од ОН, ЕУ и меѓународната заедница да извришат притисок врз косовските власти за формирање на Заедницата на српски општини во Косово.

Дачиќ посочи дека Србија се залага за трајно решение за Косово, до кое, според него, може да се дојде само со почитување на легитимните интереси и на Србите и на Албанците.

Гутереш во својот извештај за Косово оценува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека досега нема доволно напредок во овој птоцес и ги повика двете страни на негово заживување.

Во извештајот, кој се однесува на периодот од 16 април до 15 јули, се наведува дека не е постигант напредок во имеплентацијата на постојните договори за воспоставување на Заедницата на српски општини, како ни за интерграција на правосудрсвото. 

- Ја охрабрувам посветеноста на начелото дека несогласувањата мора да се решаваат исклучително со мирни средства. додава Гутереш во документот.