Полицијата пронајде автоматска пушка и куршуми во автомобил во Мала Речица
Полицијата пронајде оружје во возило кај 33-годишен тетовчанец. Како што информира МВР, вчера околу 11:45 часот, по претходно добиени сознанија, на улица „172“ во село Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (33) од село Горно Седларце, Тетовско. При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми. Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал. Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци