Македонија
19. December 2015 - 7:57

Погледнете какво време не очекува денес

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со магла по котлините. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, во североисточните делови од земјава има услови за краткотраен локален дожд. По одделни котлини ќе биде магливо. Ќе дува слаб северозападен ветер, особено на повисоките места и на планините.

Температурата ќе се движи од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.Температурата ќе достигне до 10 степени.

Според УХМР, и понатаму ќе се задржи стабилно и суво време. Од понеделник ќе има појава на утринска магла по котлинитe.