Подмладоците на 25 партии потпишаа Декларација за слободни и фер избори
Подмладоците на 25 политички партии денеска во Скопје во пресрет на одржувањето на локалните избори потпишаа Декларација за слободни и фер избори.
Со декларацијата тие се заложија за спроведување на фер, слободни и демократски избори, организирање на достоинствена кампања и за намалување на говорот на омраза на социјалните мрежи и во секојдневниот живот.
Подмладоците од најголемите политички партии најавија фер борба со почитување на сите учесници во изборниот процес.
Од Социјалдемократската младина на Македонија најавија дека ќе манифестираат коректен и фер однос кон сите учесници во изборниот процес, а од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ изразија надеж дека претстојните избори ќе бидат борба со решенија и предлози за проблемите на младите, а не борба со кршење на штабови и уништување на рекламен материјал.
Ова е прво потпишување на Декларацијата по повод локалните избори откако претходно подмладоците на политичките партии двапати потпишаа декларација пред предвремените парламентарни избори во 2014 и 2016 година.
Денешното потпишувањето на Декларацијата е во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.
МИА
Ново на Сител
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари