Македонија
2. December 2015 - 16:38

Подготвува ли Заев ново алиби за поразот на изборите!?

Се уште не стивнуваат реакциите по вчерашната изјава на Зоран Заев дека медумите се најголемиот непријател на СДСМ.

Според новинарот Васко Ефтов, ваквата изјава на лидерот на СДСМ претставува обид за обезбедување на алиби за поразот кој најверојатно СДСМ ќе го доживее на следните избори.

Неуспешни беа и заканите на Заев кон банките, на кои реагираше и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, кој упати директна порака до СДСМ, да не се мешаат и да не вршат притисок.

Претходно, на ваквото срамно однесување на Заев се спротиставија и пензионерите, примателите на социјална помош, земјоделците и другите општествени групи кои се најдоа погодени од изјавите на првиот човек на СДСМ.