-->
-->
Подгответе се за пресврт со времето
-->

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд. Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје изутрина магливо и тивко, преку денот променливо облачно.
Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе започне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео