Македонија
27. April 2017 - 16:25

Подем на овчите сипаници во градинките

Околу 3000 случаи на варичела само во првите три месеци годинава. Според статистиката на Инситутот за јавно здравје, бројот на заразени во 2017 е за 15 проценти поголем од истиот период лани. Зголемен број на деца со овчи сипаници овој период има во неколку скопски градинки, а според педијатрите заразата ја има и кај ученици. Дел од заболените поради компликации завршуваат и на Клиниката за детски болести.

-Забележуваме дека овој број годинава е нешто зголемен, и она што изненадува е што многу деца имаат невообичаени симптоми. Ќе ги хоспитализираме кај нас и после некое време ќе почне да се јавува осипот карактеристичен за варичела. Кај некои знае да даде и компликации со пневмониа и бронхит, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести.

Варичелата се пренесува преку респираторен пат и допир. Многу брзо се шири а во земјата нема вакцина против овчи сипаници. Но Софијанова вели дека некои родители ги набавуваат од странство и ги вакцинираат децата.

-Има и такви, ја купуваат од други земји и со неа или нема ни да ги осети симптомите детето или пак ќе биде во многу блага форма, без компликациите кои ги имаме кај такви случаи, вели Софијанова.

Овчите сипаници се најзаразни два дена пред и два дена по појаба на меурчињата. Порано се јавувале во одреден период од годината, но сега има има сите месеци.

-стенд уп ..Мината година биле регистрирани околу 10 000 случаи на варичела. Според епидемиолозите од ИЈЗ, тоа е најголема бројка во последната декада.