Македонија
11. December 2017 - 16:46

Под жесток притисок на јавноста, Чичаковски, Милев и Дума поднесоа оставки во ДИК

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски, членовите предног на СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ги предале оставките во Собрание. Останатите членови на комисијата остануваат недостапни за одговор, ќе го следат примерот на колегите или ќе продолжат со работа во комисијата до истекот на законскиот мандат. Ваквиот потег следи една недела по објавувањето на информациите дека добивале надоместоци вредни неколку илјади евра по секој изборен процес, па дури и за изброите кои не се одржаа. Членовите на ДИК добиените средства во висина од четири месечни примања за локалните избори како што тврди Заев ги вратиле во буџетот. И по сето ова тој вели дека биле професионалци.
 
Дали знаел за надоместоците кои ги добивале членовите на ДИК од ДУИ лидерот Ахмети не одговори, но вели дека законот треба да важи за сите?
 
Редовно мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува во 2020 година. Деветемина, кој не биле првите што ја користеле законската можност ќе останат запаметени по исплатата на 30 плати за осумнаесет месеци.