Под мотото „Америка на прво место“ Трамп денеска го претставува новиот буџет на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе претстави дел од буџетскиот план за идната година, што се очекува да ги инкорпорира зголемување на трошоците за одбрана и намалување на средствата за помошта за странство и заштитата на животната средина, јави ДПА.
При составувањето на предлог буџетот погледите на претседателот се претворија „во бројки“, забележа директорот за буџет Мик Малвени, посочувајќи ги повеќето пари за одбрана, граничната безбедност и примената на правото.
- Имате кандидат со мотото „Америка на прво место“, имате и буџет со мотото „Америка на прво место“, рече Малвени.
Буџетот на Стејт департментот ќе биде намален за 28 проценти, најмногу преку намалување на програмите за помошта за странство, додека „главната дипломатска функција на департментот“ ќе биде задржана, посочи директорот за буџет.
Државниот секретар Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Јапонија, денеска во Токио изјави дека очигледно нивото на расходи на Стејт департаментот го достигна нивото кое не може да се издржи, имајќи го предвид намалувањето на финансиите за дипломатијата на неговата земја за 28 отсто.
Министерството за одбрана, пак, ќе добие 10 проценти или 54 милијарди долари повеќе, а Министерството за внатрешната безбедност шест проценти повеќе, вклучувајќи и 1,5 милијарда долари во текот на оваа година за изградба на ѕидот долж јужната граница и 2,6 милијарди долари во 2018 година.
Предлог буџетот вклучува и намалување на финансирањето за Агенцијата за заштита на животната средина, а ќе се прекине и со владиното учество во Корпорацијата за јавно радиотелевизиско емитување (Си-Пи-Би).
Ново на Сител
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини