-->
-->
Почнува фестивалот за класична гитара „Тремоло“
-->
Во организација на Градот Скопје и Детскиот културен центар – „Карпош“ од денеска до 21 мај во Скопје ќе се одржува осмиот интернационален фестивал за класична гитара „Тремоло“.
Натпреварот е за класична гитара за сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Членови на жирито се гитаристите Влатко Стефановски, Тони Китановски, Мартин Крајчо, Дејан Лазаревски, Миле Ѓорѓевски, Немања Клинчаров и Бојан Гажоски.
Вечер и утре ќе се одржат два концерта во Културно - информативниот центар - Салон 19/19, а на 21 мај ќе настапат победниците на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава