Македонија
2. September 2015 - 16:47

Почнаа подготовките за претставата ,,Прекината Одисеја‘‘ за егзодусот на Македонците од Грција во Полска

Почнаа подготовките на претставата ,,Прекината одисеја‘‘,  копродукциски проект   на Македонскиот Народен Театар и театарот ,,Хелена Моджевска,, од  Легнице, еден од петте најзначајни  полски театри.Текстот кој изобилува со  вистински сведоштва  и потресни  судбини , ќе го пишуваат  двајца драматурзи: Загорка  Поп Антова Андоновска од Македонија и   Роберт Урбански од Полска.

Во првата фаза драматурзите   интензивно ќе истражуваат за националната историја,традиција,и култура.

Темата на претставата е  многу значајна  за нашите две држави,. Тоа е егзодусот на македонските  деца  од  Грција во полскиот град Легнице  во периодот 1946-1949.

Проектот е подржан од македонското и полското министерство за култура.

Премиерата на  претставата  во Македонија  ќе се одржи во септември, а во Полска во октомври наредната година,.