Македонија
5. March 2016 - 16:17

Почна проектот бесплатен туристички викенд за пензионери

Околу 70 пензионери од истокот на државата овој викенд одмараат во Дојран. Тие се дел од првата група која годинава ќе ги искористат поволностите што им се овозможени преку владиниот проект за бесплатен туристилку викенд.  Добредојде во Дојран на пензионерите им посакаа дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Дојран Борче Стамов.

,, Почнувајќи од овој викенд па се до месец мај очекуваме околу 2500 пензионери да ја искористат оваа бесплатна услуга која што опфаќа два полни пансиони и бесплатен превоз во еден од туристичките центри во Република Македонија, односно во Охрид,  во Преспа, во Дојран, во Берово и во Крушево.,, рече Диме Спасов – дополнителен заменик министер за труд и социјална политика

,, Станува збор за еден прекрасен проект  посебно за местата како Дојран на овој начин да ги пречекаме и да ги угостиме едни од нашите најдраги гости пензионерите.,, рече Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Пензионерите кои викендов престојуваат на Дојранското крајбрежје велат дека се презадоволни од  приемот,  но и од проектот кој бил многу значаен за нив.

,, Неможам да дадам оцена оти да оценам малку ќе биде сто, треба да дадам над  сто. Треба да дадам над сто, ние до сега не сме имале такви луѓе во владата.,, рече Боро Митев – пензионер од село Оризари

,, Од проектот на ВМРО ДПМНЕ сме многу задоволни. И понатаму нека владеат  и да можат се пуспешно да напредуваат и да ги поддржуваат пензионерите.,, рече Љубе Колев – пензионер од општина Чешиново Облешево

Проектот за бесплатен туристички викенд за прв пат беше реализиран минатата година.  Годинава истиот ќе може да го искористат 3000 пензионери  од кои 2500 до крајот на мај а 500 во септември за што се обезбедени околу 9 милиони денари. Освен бесплатен викенд веќе неколку години пензионерите имаат можност и за бесплатна бањско климатска рекреација. Оваа поволност годинава ќе ја користат 5500 пензионери.