Македонија
4. February 2016 - 17:35
Почна прочистувањето на избирачкиот список
Почнува пречистувањето на избирачкиот список. Државната изборна комисија ќе направи се да си ја испочитува законската рамка и да го пречисти избирачкиот список до изборите на 24 април, изјави претседателот на ДИК Александар Чичаковски.Од ДИК ги избрале 5те ИТ компании кои ќе ги вкрстуваат дата базите за прочистување. Дел од институциите веќе ги доставиле податоците до ДИК, најдоцна до понеделник тоа ќе го сторат и другите.Пред два дена од ДИК соопштија дека првичните резултати од вкрстувањето на датата базите ќе ги имаме наредната недела. Што значи во овој период ќе почне и теренската проверка.
-->
-->