Македонија
6. November 2023 - 15:38

Почина бебе во охридската болница

Во охридската болница починало едногодишно бебе.

Тоа е донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата е констатирана смрт. Во СВР Охрид, денеска во 7.44 часот од Медицински центар Охрид пријавиле дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања е донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата е констатирана смрт без траги на насилство. За настанот е информиран јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на семејството.