Свет
2. October 2016 - 8:58

По вторпат бомбардирана најголемата болница во Алепо

Најголемата болница во Алепо е бомбардирана по вторпат во ист ден, додека силите на сирискиот режим со поддршка од Русија се обидуваат да воспостават контрола врз градот.

Најмалку две барел-бомби ја погодија и вчера болницата во Алепо што е под контрола на бунтовниците, соопштија здравствени организации.

– Две импровизирани бомби ја погодија болницата М10, а имаме информации и за употребени касетни бомби, изјави Адхам Сахлоу од сириско-американското здравствено здружение.