-->
-->
По 41-ви пат „Меморијал-Чајка“
-->
Одбојкарска Федерација и семејството Хаџи-Иљоски, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, 41-ви пат ќе го организираат турнирот во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”, турнир со најголема одбојкарска традиција во Македонија.
На прес-конференцијата свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој ја истакна потребата од континуирано одржување на манифестации со долгогодишни традиции.
„Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово. Традицијата на одржување на овој меѓународен настан на одбојката трае од 1975 година, и е една од најстарите манифестации во Македонија“, истакна Каевски.
Претседателот на организациониот одбор на турнирот, Ивица Хаџи-Иљоски се зблагодари за поддршката на Агенцијата за млади и спорт, како и за медиумската покриеност на настанот, поканувајќи ги сите вљубеници на одбојката да бидат дел од овој одбојкарски спектакл во Тетово.
„Политиката на турнирот е во секоја година да промовираме посебни групи, како младински или женска тимови, репрезентации, а оваа година акцент ставаме на машката сениорска одбојка. Од таа причина, покрај ОК Вардар, Универзитетски тим Тетово, ОК Лешок, наши гости ќе бидат и ОК Партизан од Белград“, истакна Хаџи-Иљоски.
Натпреварите ќе се играат во салата „Млади” во Тетово, на 16 и 17 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска