Планинарски хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“

Запознавање и уживање во убавините на Шар Планина, е целта на планинарско - велосипедскиот хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“, што ќе се одржи денеска во селото Пожаране.
Планинарско - велосипедскиот хепенинг е во организација на ПД „Трансверзалец" од Скопје, а во соработка со ПД „Бистра" – Гостивар, ВК „Адреналин" – Гостивар и здружението „Единствена Македонија".
Настанот, како што информираат организаторите, вклучува две планинарски и две велосипедски тури.
Во рамките на планинарските тури првата вклучува искачување на врвовите Голема и Мала Враца, а помалата тура предвидува прошетка околу селото и шумата со костени до археолошкиот локалитет Долна Локва.
Велосипедските тури опфаќаат возење по трасата „Шарски Води“ од Попова Шапка до Пожаране (55 км) и од Гостивар преку селото Долно Јеловце до Пожаране (35 км).
Спортско-рекреативните активности завршуваат околу 16 часот во дворот на селската задруга во Пожаране, каде ќе има заеднички ручек и музичка забава.
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
