Свет
25. September 2017 - 17:39

Пјонгјанг: САД и објавија војна на Северна Кореја

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џонг-хо го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека и објавил војна на неговата држава.

Тој истакна дека Северна Кореја го задржува правото да ги собори американските бомбардери. Ри Џонг-хо појасни дека ова се однесува и на ситуации кога бомбардерите не се наоѓаат во воздушниот простор на Северна Кореја.

- Светот треба да запомни дека САД први објавија војна, потенцираше севернокорејскиот министер.