Пјонгјанг: Ќе ја „потопиме“ Јапонија и ќе ги претвориме САД во „пепел и мрак“
Северна Кореја се закани дека ќе ја „потопи“ Јапонија и дека ќе ги претвори САД во „пепел и мрак“, како одговор на нивната поддршка за воведување нови санкции кон Пјонгјанг од страна на ОН.
Советот за безбедност на ОН во понеделникот едногласно усвои резолуција за воведување дополнителни санкции кон Северна Кореја, по поледниот, шести по ред, севернокорејски нуклеарен тест извршен кон крајот на август.
Во реакција на усвоената резолуција, Корејската комисија за мир во азиско-пацифичкиот регион, која е задолжена за ширење на пропагандата на Пјонгјанг во странство, повикува на распуштање на Советот за безбедност на ОН, кого го оквалификува како „инструмент на злото составен од подмитени земји, кои работат по диктат на САД“.
- Четирите острови на (јапонскиот) архипелаг треба да бидат потпени во морето со атомска бомба. Јапонија веќе нема потреба да постои во наша близина, се наведува во соопштението на Комисијата.
Натаму во текстот се упатуваат и закани кон Вашингтон, при што се додава дека Северна Кореја може „да го претвори континетелниот дел на САД во пепел и мрак“.
Ново на Сител
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари