Писмото од Џафери стигнало во Кабинетот на Иванов
Во кабинетот на претседателот на Република Македонија пристигнало писмото кабинетот на претседаѕелот на Собранието во кое информираат дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Законодавниот дом.
- Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на РМ. Претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи согласно Уставот на РМ и воспоставената практика, велат за МИА од кабинетот на македонскиот претседател.
Претходно, кабинетот на претседателот на Собранието информираше дека е испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија.
- Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата Ѓорѓе Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Сорбрание на Република Македонија, се наведува во соопштението.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што се посочува, очекува дека претседателот Иванов ќе постапи според Уставот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест