-->
-->
ПФЛ: Пелистер го совлада Силекс
-->
Екипата на битолски Пелистер е нов лидер на Првата фудбалска лига откако попладнево во дербито на 3.коло како гостин го совлада Силекс во Кратово со 4:1. Најзаслужен за триумфот е Оливер Пеев кој постигна хет-трик, а четвртиот гол го постигна Баже Илијоски. Силекс на крајот само успеа да го намали поразот со голот на Филип Тимов.
Прв триумф забележа Победа откако на домашен терен го победи тимот на Шкупи со 2:1, додека без голови 0:0 заврши дуелот Скопје – Ренова.
Утре од 16:30 часот во Тетово се игра дуелот Шкендија – Академија Пандев. Натпреварот Работнички – Вардар е одложен.
Табела: Пелистер 7 бодови, Шкендија 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Вардар 3, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд