-->
-->
Петровски постави нов рекорд на 100 метри градно
-->
Македонскиот пливач Дамјан Петровски на меѓународниот пливачки натпревар „Бриз" кој се одржа викендот во Бургас, Бугарија постави нов сениорски државен рекорд во дисциплината 100 метри градно со време 1.04,07 минути со што го подобри неговиот стар рекорд за пет стотинки.
Со постигнатиот резултат Петровски успеа да фати норма за Европското првенство на мали базени во Израел 2016.
Воедно во дисциплините 50 метри делфин освои сребрен медал, второ место, во дисциплината 100 метри градно бронзен медал, трето место, во дисциплината 50 метри градно бронзен медал, трето место и во дисциплината 100 метри делфин бронзен медал, трето место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен