Петерле: Неопходно е придвижување на евроинтеграцискиот процес
Бегалската криза даде уште една причина за европската иднина на Македонија, и покажа колку сме ние меѓузависни и која цена ќе ја платиме доколку не соработуваме. Затоа евроинтегративниот процес треба да продолжи и да се динамизира, рече копретседавачот на 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ, словенечкиот европратеник Алојз Петерле на заедничката прес-конференција со македонскиот копретседавач пратеникот Кенан Хасипи по завршувањето на состанокот.
- Како европеец сум и благодарен на Македонија за нејзиниот влог во справувањето со бегалската криза. Македонија не е земја на потекло, но ниту на дестинација и навистина е голем предизвик за земјата како што е и за другите земји. Оваа криза покажа уште причина за европската перспектива на Македонија, оти покажа колку сме ние меѓузависни и која цена ќе ја платиме доколку не соработуваме добро, рече Петерле.
На новинарско прашање како може ЕУ да и помогне на Македонија во однос на бегалската криза Петерле истакна дека на земјата и е потребна поголемо финансиско внимание и поддршка заради големината на проблемот, но и дека фондовите наменети за пристапниот процес не треба да се користат за мигрантите.
Тој го поздрави враќањето на опозицијата во Парламентот и воспоставувањето на политичкиот дијалог, но оцени дека не е доволно да се постигне договор за одредени структури и закони туку е потребна атмосфера на инклузивност и внатрешна кохезија во земјата. Укажа и дека е добро што земјата има партнери како ЕУ и САД кои и помогнаа во надминување на кризата.
- Вие имате партнери кои посакуваат земјата да постигне напредок, но сите извори на можни потенцијални конфликти не се отстранети токму затоа во препораките се зборува за одредени прашања кои треба да бидат разрешени, рече Петерле.
Според Хасипи, предолгото чекање во предворјето на ЕУ фрустрира и во одредени моменти може да предизвика внатрешни тензии на линија власт - опозиција и затоа вели е потребно придвижување на процесот напред.
Петерле, исто така, се согласи дека статус-кво ситуацијата не е одржлива и од регионален безбедносен аспект, а особено асиметричниот пристап на ЕУ, но и на НАТО во однос на другите земји од регионот и нивната евро-атлантска интеграција.
- Асиметричност во пристапот нема да обезбеди повеќе безбедност. Во попширокиот меѓународен контекст гледаме дека се отворени нови аспекти меѓу кои и безбедносниот така што ЕУ мора да биде внимателна во однос на ова. Секој вид напредок мора да биде вреднуван на некој начин и кредибилитетот не се однесува само на земјата кандидат туку и за ЕУ. Се надевам дека по изборите ЕК ќе предложи позитивна оценка и дека Советот ќе го следи тоа, рече Петерле.
Според него, Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО и треба да биде поканета, како и Црна Гора која веќе доби покана, и го повтори ставот на ЕП дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за процесот на евроатлантската интеграција.
Во препораките од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет Петерле посочи и дека меѓу другото, се повикува Советот да побара од ЕК да започнат подготовки за рамката за прегори уште од сега. - Ни се надеваме и работиме на тоа да се направи напредок. Понекогаш ситуациите кои се чинат помалку соодветни нудат повеќе можности, рече Петерле.
Хасипи се надоврза дека за прашањето околу името, Македонија е секогаш отворена за изнаоѓање решение и дека остануваме посветени на тоа прашање, но треба да се има предвид развојот на настаните кој, вели, може да доведе до нови проценки дека веројатно е потребно да се заокружи тој процес.
Во однос на Законот за медиумите, европратеникот Петерле посочи дека е потребно да постои согласност меѓу власта и опозицјата во земјата за модел кој ќе постави критериуми за медиумите кои нема да се менуваат од една до друга влада.
Препораките кои се донесени едногласно од страна на Мешовитиот парламентарен комитетет на ЕУ и РМ меѓу другото ја нагласуваат потребната од исполнување на политичкиот Договор и важноста за целосна имплементација на итните реформски приоритети за земјата. Се нагласува и потребата од тоа ЕУ суштински да ја зголеми помошта на полетто на фундаменталните права и прашањата поврзани со миграцијата, поради што се повикува ЕК да започне подготовка, односно пред-скрининг во овие области за идните пристапни преговори - поглавја 23 и 24.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите