Павлопулос: Името на соседната земја зрачи иредентизам
Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин на кој ќе се исклучи секаков вид на иредентизам, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопуслос од Лариса, говорејќи пред припадници на грчкото воздухопловство.
Прокопис Павлопулос, јавува дописникот на МИА од Атина, смета дека „денешното име признато и од други земји, јасно зрачи иредентизам“.
- Истите барања на меѓународната заедница на НАТО и на Европската унија покажуваат дека името зрачи иредентизам. И тоа е реалност. Оваа земја, која ние ја сакаме за сојузник, за пријател и во НАТО и Европската унија, треба да избере. Сака перспектива? Ако сака ќе треба да ги направи неопходните промени во целиот правен поредок, почнувајќи од нејзиниот устав, каде ќе постои промена на нејзиното име и секако оваа промена ќе биде проследена и со гаранции што го исклучуваат иредентизмот и во однос на границите и во однос на националноста и во однос на јазикот, рече Прокопис Павлопуслос.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња