Партијата на Грците ја напушта албанската владина коалиција
Лидерот на Партијата за заштита на човековите права, која ги застапува интересите на припадници на грчкото малцинство во Албанија, соопшти дека „де факто“ повеќе не е дел од албанската владина коалиција, јави дописникот на МИА.
- Де факто партијата повеќе не е дел од коалицијата, но де јуре потребно е и партискиот Конгрес да се изјасни за овој чекор. Јас ќе му прекдложам на Конгресот напуштање на коалицијата, изјави лидерот на партијата Вангел Дуле за тиранската телевизија Топ-чанел.
Тој објасни дека неговата партија ја напушта владината коалиција, преводена од социјалистите на Еди Рама, затоа што таа, според него, се оддалечила од духот што ја карактеризирал.
- Ние заминуваме од една коалиција која се оддалечи од духот со кој дојде на власт. Дојде со ветувања за реформи, но потфрли со даноците, потфрли со здравтсвото и потфрли во врска со слободни и демократски избори, нагласи Дуле.
Во врска со неговата средба со лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша, Дуле изјави дека е нормално да се среќаваат лидери на две политички партии.
- Јас ниту се приближувам, ниту се оддалечувам од коалициите без оглед кој е дел од таа коалиција. Ние средбата ја посветивме на политиката, изјави Дуле.
Инаку, во согласност со договорот за распределбата на функциите меѓу актуелните коалициски партнери во Владата, Дуле е потпретседаел на албанскиот Парламент.
Ново на Сител
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час