Партиите малку внимание посветуваат на безбедноста во своите програми
Политичките партии во Македонија недоволно внимание во своите програми посветуваат на безбедноста и одбраната, вели Благоја Марковски. Според него политичките субјекти само про форма ги наведуваат нивните безбедносни политики а не работат на суштинско претставување и образложување на истите. Токму затоа партиите мора да направат посеопфатен аналитички приод кон прашањето на безбедноста кое досега според Марковски е третирано декларативно.
Токму за промена на овој тренд Балканскиот форум за безбедност организираше дебата на која учество земаа претставници од партиите, во пресрет на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Денешниот настан беше шеста панел дискусија која што ја организира здружението на граѓана Балкански форум за безбедност.