-->
-->
Папагал ќе сведочи за убиство?
-->
Обвинителите во американската сојузна држава Мичиген сериозно размислуваат како клучен сведок на судење за убиство да повикаат папагал.
Станува збор за 19-годишниот папагал Бад, пред чии очи наводно се случило убиството во семејната куќа, кога неговата сопственичка Глена Дуран со пет истрели од пиштол си го застрелала сопругот.
Семејството на убиениот верува дека африканскиот сив папагал ја знае целата вистина, зашто постојано повторувал реченици од расправијата меѓу сопружниците, пред да случи злосторството.
„Немој да пукаш, остави го пиштолот“, била една од речениците што постојано ги кажувал домашниот миленик, воедно имитирајќи го гласот на убиениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција