Папа Франциско: Нуклеарниот пожар може случајно да почне

Папата Франциско во обраќањето познато како „Состојба во светот“ апелира до сите нации да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се работи на правно обврзувачката забрана на нуклеарното оружје.
- Нукеларното оружје мора да биде забрането, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за време на Студената војна.
Папата Франциско потенцира дека „не може да се негира дека пожарот може да почне случајно или во непредвидени услови“.
Апелот на папата до дипломатите е еден ден пред разговорите помеѓу Северна и Јужна Кореја, кои ќе бидат насочени на учеството на севернокорејските спортисти на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјеонгчанг.
Папата упати повик и за зачувување на статус кво на Ерусалим, откако претседателот на САД, Доналд Трамп кон крајот на минатата година донесе одлука за признавање за главен град на Израел.
Тој се осврна и на климатските промени, повикувајќи ги државите да го почитуваат Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Ново на Сител
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
-

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација
-

Австралиската полиција била предупредена на можен антисемитски напад пред инцидентот на плажата Бонди
-

Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
