Свет
29. March 2017 - 17:29

Паника на аеродром: Авион се запалил за време на слетување!

Пламени го зафатиле авионот за време на слетување на аеродромот Франциско Карле во градот Јауја, во централниот дел на Перу.

Локалните медиуми јавуваат дека пожар избил додека авионот Боинг на компанијата Перувиан Еирлајнс присилно слетувал поради засега непознати причини.

Сведоцоци велат дека од авионот почнал да излегува црн дим поради кој пожарните екипи веднаш интервенирале.

Од Перувиан Еирлајнс соопштиле дека никој од 141 патници кои се наоѓале во авионот не е смртно настрадан ниту повреден.

Министерството за комуникации и информации на Перу соопшиле дека пожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот.