Македонија
2. December 2015 - 16:47

Паднаа маските на Заев - Предлага диктаторски закон за да ги уништи медиумите

Од вчера паднаа сите маски, Заев јавно ги прогласи за непријатели петте најголеми медиуми во Македонија, со што призна дека предлага диктаторски закон за медиумите за да потоа да ги уништи, стои во реакцијата на електронските медиуми.

Секој непријател треба да се уништи, само егзекуцијата да биде спроведена и покриена со законско решение. Во оваа налудничава замисла на Заев содружник му е филозофот од Брисел посредникот Питер Ван Хауте, кој дипломатијата ја подразбира како збир на навреди, викање и закани за да една од страните го прифати предлогот на другата. Питер доаѓа од Брисел, седиштето на Европската унија, седиштето на европските вредности, но Питер во Македонија настапува како адвокат на СДСМ, газејки ги основните морални норми и етички начела. Питер Ван Хауте го поддржа диктаторскиот закон на СДСМ и стана соучесник во обидот за екзекуција на сите медиуми кои не одработуваат за СДСМ, сметаат електронските медиуми во својата реакција во која фактографски и аргументирано ја презентираат  сегашната состојба во медиумите

  • Законот за медиуми е донесен пред само две години, на 26 Декември 2013. Овој закон се донесе во преговори на Владата, со Здружението на новинари и Претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. По завршувањето на преговорите Дуња Мијатовиќ изјави дека овој закон е еден од најлибералните закони во Европа. Донесувањето на законот беше подржан од Европската Унија и Амбасадата на САД. Овој закон доби Европско знаменце, со што Европската унија потврди дека постојниот закон е согласно европските практики и стандарди.
  • За овој закон досега немало забелешка во ниту еден извештај на ЕУ, ниту во забелешките и препораките на Прибе, ниту во забелешките на ОБСЕ, ниту во ниедна изјава на висок преставник на ЕУ или САД.
  • Против носење на нов закон се сите релевантни медиуми во Македонија, Македонската асоцијација на новинари, Асоцијацијата на национални Телевизии, експертската јавност во Македонија, со еден збор сите релевантни фактори во државата кои ги засега оваа проблематика. Ако е така се прашуваме кој и во чие име има право да преговара за законски измани ако новинарите и медиумите се експлицитно против тоа.
  • Новинарската фела и медиумите се согласни ако веке се прави промена на законот за медиуми, истиот да биде копија на некој од законите на било која европска земја. Но кога му го предложивме ова на Питер ван Хауте тој ни одговори дека Македонскиот менталитет не бил во согласност со Европскиот. Би рекле срамна, навредлива и недипломатска изјава на филозофот од Брисел. Со други зборови според Питер, вие не заслужувате европски закон, затоа ви нудам преработена верзија на диктааторскиот закон на за Заев.
  • Питер Ван Хауте ни вели дека се залагал да се имплементираат европските стандарди во Македонија. Како за потсетување стандард е општо прифатено мерило, ова што го нуди Питер не само што не е општо прифатено во Европа, туку го нема никаде во Европа. Не постои ниту еден закон во Европа кој како концепт, како метод, како стандард е приближен до предлогот на ван Хауте. Ако е така дали можеби Питер ван Хауте мислел дека треба во Македонија да се применат европските стандарди кои функционирале во Германија во периодот од 1935 до 1945 година. Дали овие стандарди ги нуди Питер за Македонија, заради менталитетот на Македонците се разбира. – стои во реакцијата на електронските медиуми

Тие додаваат дека Македонија има Европски закон за медиуми и никој од македонските новинари и медиуми не бара негова промена.  Медиумите се непријатели на сдсм, медиумите треба да се уништат и за таа намена потребен е диктаторски закон  кој нормално си го предложи сдсм а го подржа демократот Питер Ван Хауте во име на европските стандарди, реагираат најголемите електронски медиуми во земјава.