Живот
21. јуни 2017 - 18:42

Ова е првиот знак дека се приближува смртта - Кога луѓето постари од 40 години го губат чувството за...

Со стареењето на луѓето слабеат и нивните сетила, при што очилата или некои слични помагала стануваат потреба. Едно американско истражување, пак, покажа дека губењето на чувството за мирис за постарите луѓе вообичаено значи и брзо настапување на смртта, пишува „Дејли мејл“.
 
Научниците од Универзитетскиот медицински центар Раш во Чикаго открија дека лицата кои можат да почувствуваат повеќе различни мириси најверојатно ќе бидат живи во наредните неколку години.
 
Научниците тестирале повеќе од илјада доброволци на возраст меѓу 52 и 100 години. Тестот се состоел од 12 различни мириси, како што се мирис на чад, лимон, бибер, чоколадо и цимет. Ниту еден од пациентите во тоа време не страдал од деменција или Паркинсонова болест. Научниците потоа ја следеле нивната состојба во период од четири години. Во текот на тој период 321 лице починале, односно 27,6 отсто од доброволците.
 
Во текот на истражувањето тие утврдиле дека ризикот од смрт е за 36 отсто поголем кај оние луѓето, кои препознале шест мириси во однос на луѓето кои препознале 11 или 12 различни мириси. Овој процент е ист и кога предвид ќе се земат староста, инвалидноста, депресијата, дисфункцијата на мозокот и активноста.
 
- Резултатите покажаа дека проблемите на препознавањето на мирисите во поодминатите години се тесно поврзани со смртта, напиша водачот на истражувањето др. Роберт Вилсон за јануарското изданието на спианието „Кемикал Сенсис“.
 
Вилсон истакна дека со претходните истражувања е утврдено дека проблемите со чувството за мирис се први знаци на невродегенеративни состојба како што е деменцијата.
 
- Секоја од овие состојби се развива во периодот од неколку години и поврзана е со зголемувањето на смртноста. Проблемите со чувството за мирис се во директна врска со оваа состојба, па веруваме дека имаат врска и со смртноста, вели Вилсон.