Балкан
21. November 2017 - 10:09

Ова е првиот сопруг на Дивна ДНК - „Плачев како дете кога ме остави“

Големо внимание во јавноста предизвикаа Марко и Дивна ДНК откако се појавија на емисијата ДНК во која Марко сакаше да докаже дали е татко на нивното дете или не.

Српскиот Курир го најде првиот сопруг на Дивна, пилотот Алмир Асановиќ, кој раскажал детали за Дивна и бракот со неа.

- Дивна ме виде, ми изјави љубов, ме замоли да се запознаеме. Ме виде во униформа и се заљуби целосно. Ги угостив во скромниот дом но им кажав дека сум сиромашен. Не ја сакав поради изгледот, се исплашив од неа, вели тој.

Таа останала кај него да живее, и биле во вонбрачна заедница пет месеци, но тврди дека не ја допрел.

- Јас закажав свадба, а таа ме напушти, јас ја мазев и пазев, и носев појадок во кревет, правев се, а таа си замина, додава Алмир.

Вели дека плачел како дете кога го напуштила и тврди дека тие месеци не ја ни допрел, таа останала невина, бидејќи ја почитувал пред свадбата.