Балкан
21. August 2015 - 14:16

Ова е полицаецот кој се сомничи за ограбување на мигрантите

- Полициската легитимација нема да биде штит од законот и секој друг облик на криминал - рече министерот на полицијата во Србија.
 
Сообраќајниот полицаец Мирослав К. (24) е уапсен поради ограбување на мигранти од Сирија заедно со својот колега.
 
На Мирослав К. одредена му е мерка притвор од 30 дена додека неговиот колега Богдан С. (26) утрово извршил самомоубиство, најверојатно  поради љубовни проблеми.
 
Мирослав К. се сомничи дека пристапил кон мигрантите ја покажал полициската легитимација и пиштолот по што побарал да извадат се од нивните џебови.
 
Уплашените мигранти го направиле истото, а полицајците од првиот мигрант земале 1.400 а од друг 650 евра но и личните документи.
 
- Обврска на Министерството за внатрешни работи е да се грижи за безбедноста на мигрантите и нема да дозволи да се чуствуваат несигурни во Србија, ниту пак некој да ги ограбува и малтретира. Апсењето на припадникот на полицијата кој одземал пари од мигрантите докажува дека министерството за внатрешни работи е решено да се справи со криминалот и корупцијата во сопствените редови - нагласи министерот Стефановиќ.
 
- Полициската легитимација нема да биде штит од законот и секој друг облик на криминал - заврши министерот и ги повика мигрантите но и граѓаните, да ги пријават сите оние кои го прекршиле законот.