Ова дете успеа да го преживее најстрашниот земјотрес: За 30 секунди училиштето се урна, сфатив дека сите се мртви
Малото дете од Мексико имало среќа и вели дека не знае како успеало да го преживее силниот земјотрес кој го потресол Мексико Сити и го урнал неговото училиште, во кое траеле часови.
"Бев на час по англиски јазик кога земјата почна да вибрира", рекол Луис Карлос Томе, расплакан и видно потресен за Noticias Telemundo.
Луис Карлос гласно викнал дека земјата се тресе, бидејќи ниеден аларм не се вклучил, и сите брзо истрчале од училницата.
"Тогаш ја донесов најдобрата одлука во својот живот, не свртев лево каде што се урна се. Отидов десно со своите пријатели".
Луис рекол и дека кога тој и неговите пријатели трчале по скалите, виделе луѓе како паѓаат од истите.
"Имаше многу луѓе на скалите, но наеднаш веќе не ги гледав. Кога излегов, видов како училиштето се руши".
Луис Карлос надвор со поглед ги барал своите пријатели од одделението и наставничката, но не ги пронашол. Сфатил дека тие можеби се веќе мртви во тој момент.
"Се се случи многу брзо, не ја видов наставничката. По околу 30 секунди училиштето се урна, не знам ни како се спасив", ја завршува својата приказна расплаканото дете.
Под урнатините на училиштето во Мексико Сити, кое се урнало при земјотресот, се наоѓаат десетина лица, меѓу кои има најмногу деца по кои и натаму трагаат спасувачите и очајните родители.
"Константно извлекуваат деца, но не знаеме што е со нашата ќерка", рекла вчера 32-годишната Адријана Д'Фарго, која со часови чека вести за судбината на своето 7-годишно дете.
Луис Карлос не бил единствен кој имал среќа. Објавена била и снимка на која се гледа како најсреќните во последна секунда избегнале тешки повредени, а во најлош случај и смрт.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот