Отворена втора библиотека во Општина Илинден
Во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, во Домот на култура „Марино“ отворена е втората општинска библиотека во Општина Илинден.
Почетниот фонд на книги во библиотеката е донација од издавачката куќа „Матица Македонска“ со која Општина Илинден има одлична соработка и со чија поддршка ја организира Литературната манифестација „Илинден“.
Преостанаттите книги во библиотеката се обезбедени со манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“ во која во изминатите 11 години се собрани 32.000 книги кои се наоѓаат на полиците на Општинската библиотека „Илинден“ во населба Илинден, како и во библиотеките на трите основни општински училишта.
Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, рече дека отворањето на библиотеката е дел од континуираните активности на локалната самоуправа во насока на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата која е белег на нашето постоење и значаен симбол на идентитетот на секој народ.
По повод отворањето на библиотеката во Домот на култура „Марино“ се одржа пригодна свеченост на која со свои творби се претставија неколкумина ученици-млади писатели од Општина Илинден кои веќе имаат издадено свои книги или, се во подготовка да издадат.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип