Отворена изложбата „Поврзување“ во Пловдив
Во рамки на манифестацијата „Ноќ на музеите“ вчеравечер во Балабанова куќа во Пловдив беше отворена изложбата „Поврзување“.
На изложбата се претставени над 50 дела од ликовните уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Иво Пецов, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.
Изложбата ќе биде отворена до 31 мај, а е организирана во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија.
На отворањето се обратија директорот на КИЦ на Р. Македонија Васко Шутаров и заменик директорот на Општинскиот институт „Стар Пловдив“, Светлозар Чичиков. На отворањето беше нагласена добрата и плодна соработка меѓу двете институции во пресрет на 2019 година, кога Пловдив станува европска престолнина на културата.
Ново на Сител
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи