Откриени и приведени 16 танчерки во „Ориентал Ас“ во Жеровјане
Шеснаесет странски државјанки биле откриени при акциската контрола на угостителскиот објект „Ориентал АС“ во тетовското село Жеровјане, информираа од полицијата.
Контролата била спроведена изминатата ноќ во периодот од 23 часот до 2 часот по полноќ. а девојките, седум од Бугарија и девет од Србија, биле вработени како танчерки. Тие заедно со корисникот на „Ориентал АС“ А.А.(25) од Боговиње биле приведени во тетовската полиција за натамошна постапка.
Според полициските податоци во досегашниот тек од годинава на подарчјето на СВР Тетово имало 14 вакви акциски контроли, осум во гостиварско и шест во тетовско, при што биле откриени 77 странски државјанки од кои 35 од Србија, 25 од Албанија, девет од Бугарија, четири од Косово и останатите од Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во текот на 2014 година во вкупно 23 контроли биле откриени, приведени и законски санкционирани вкупно 85 странски државјанки. Сите овие девојки на возарст од 20 до 45 години го злоупотребиле туристичкиот претстој и нелегално работеле како пејачки, танчарки и слично. Откако ќе ја поминат процедурата во одсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во судска постапка тие се парично казнети и, во зависност од тоа дали го повторуваат истото дело или не, се протеруваат во матичните земји со забрана за влез во Македонија во траење од една, три до пет години посочија од тетовската полиција.
Ново на Сител
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано