Откако го налути Трамп, министерот за здравство на САД си поднесе оставка
Министерот за здравство и социјална заштита на САД, Том Прајс поднесе оставка откако е покрената истрага за неговите патувања со скапи чартер летови, кои го налутија претседателот Доналд Трамп.
– Министерот за здравство и социјална заштита Том Прајс ја понуди оставката и претседателот ја прифати, се наведува во соопштението на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
– Не сум среќен, тоа можам да ви кажам, не сум задоволен, изјави Трамп пред новинарите.
Министерот Прајс е првиот член на администрацијата на Трамп, кој беше принуден да си замине. Тој остана на таа функција помалку од осум месеци. Неговото јавно извинување и делумното покривање на трошоците на даночните обврзници не го спаси.
Од претставниците на американската Влада, освен оние кои се одговорни за прашања од национална безбедност, се бара да користат комерцијални летови за патувања поврзани со работата.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости